Предавање на 29 април на Иван Дамјановски: Основи на академско пишување – Рецептот за успешен труд

„Сакаш да го искористиш периодов за даработиш на својот академски труд? Сакаш конечно да ја завршиш дипломската или магистерската? Се прашуваш како да бидеш продуктивен кога пишуваш од дома? Тогаш ова предавање е за тебе“.

Вака гласи повикот на Младински образовен форум и Фондацијата за демократија Вестминстер (WFD), кои на 29 април (среда) од 19 часот на платформата Zoom организираат онлајн предавање „Основи на академско пишување – Рецептот за успешен труд“ со проф. д-р Иван Дамјановски.

Огранизаторите потенцираат дека предавањето ќе даде рамка на процесот на академско пишување и ќе се фокусира на основните парадигми на академското пишување.

„Ќе ги поминеме основните структурални аспекти на истражувачкиот труд и ќе се запознаеме со академските и етичките компоненти на истражувачкиот процес.Ова предавање е особено корисно за сите студенти кои во моментов работат на својот дипломски или магистерски труд како и за оние млади кои се заинтересирани за пишување на научни трудови“, се вели во најавата за предавањето.

Заинтересираните што сакаат да го следат предавањето треба да ја пополнат апликацијата и да се вклучат на линкот во терминот на предавањето, кој ќе биде испратен на е-мејл адресата на апликантот.

Инаку, Иван Дамјановски е вонреден професор на политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Тој е и надворешен соработник за истражување во Институтот за Демократија „СоциетасЦивилис“ – Скопје и поранешен гостински истражувач на Центарот за компаративни и меѓународни студии при Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих.

Предавањето на Дамјановски е во рамки на циклусот отворени предавања за студенти насловени „Ново Студентско секојдневие“.

„Во ова време на пандемија светот е ставен пред нов и непознат предизвик, време во кое од нас се бара адаптација во нашето секојдневие. Ваквата ситуација особено ги погоди студентите и младите луѓе и нивниот начин на живот, меѓусебна интеракција, но и нивната иднина. Со цел да одговори на постоечката ситуација и да им помогне на младите да се справат со кризата и последиците кои ги носи истата се организира овој циклус отворени предавања за студенти насловени ‘Ново студентско секојдневие’. Следете ја нашата Фејсбук страница ако сакате да ги следите овие предавања кои ќе опфатат теми како ментално здравје, демократија, право, економија и сите области на кои влијаат овие несекојдневни услови“, стои во повикот за предавањето.