Предавање „Македонски стрип и меморија“ на Томислав Османли

Во петок, 19 Април, со почеток во 20 часот во Мобилно / монтажната галерија во Паркот на Франкофонијата ќе се одржи предавањето „Македонски стрип и меморија – Почетоците на историзирањето на стрипот во Македонија во 1982/3 година“ на писателот, новинар и есеист Томислав Османли.

Во своето предавање Османли ќе се осврне на историјата и развојот на македонскиот стрип како и за општествениот и културен контекст во кој создавале нашите автори. Османли преку ова предавање ќе се обиде да проговори и за стрипот како феномен на 20-тиот век кој воедно е еден од носечките медиуми на популарната култура и уметност.

Томислав Османли е автор на првата и се уште единствена македонска теоретска книга за медиумот и уметноста на стрипот („Стрип, запис со човечки лик“, 1987 и 2002) за која во земјава ја добил наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за публицистика, а во регионот признанието за југословенска Книга на годината според изборот на сараевското списание „Наши дани“.

Предавањето на Османли ќе го означи почетокот на Школата за ангажиран стрип која што ќе се одржи во периодот април- ноември 2019 година. Првиот дел ќе започне на 19 април и ќе трае до 15 јуни и вториот, кој ќе се одржи во септември и октомври, 2019 година.

Во фокусот на Школата за стрип е социјално ангажираниот стрип. Ќе се изучуваат уметничките практики со кои се промовира стрипот како медиум, кој придонесува кон социјално ангажираните практики и цели кон зајакнување на правата на маргилизираните заедници , вклучувањето на исклучените и осветлување на бројните животни приказни на поединците и заедниците, приказни што не можеме често да ги видиме во делата на стрип авторите, ликовните уметници или пак во традиционалните медиуми.

Проектот „Социјално ангажиран стрип – уметнички практики за општествени промени“ е финансиски подржан од Министерството за Култура и Општина Центар