Предавање и проекција на филм за Балканскиот рис на Факултет за ветеринарна медицина

По повод Светскиот ден на дивиот свет, утре (4 март, понеделник) од 17 часот на Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје ќе се одржат предавање и проекција на филм за Балканскиот рис (Balkan lynx).

„Секој оној кој е заинтересиран да научи нешто повеќе за ова мистериозно и преубаво животно, е добредојден! Ве очекуваме!“, стои во најавата за настанот.

Балканскиот рис живее во планинските региони на Западна Македонија, особено околу националниот парк „Маврово“, како и на планините Мунела, Шебеник и Албанските алпи во Албанија. Според последните истражувања со фото замки, потврдено е негово присуство и во западниот дел од Косово. Рисот е предатор чијшто плен се срна, дива коза и зајак.

Инаку, настанот е во организација на три студентски организации, ИВСА,ИДСБ и ДРЕН, а поддржано од Македонско Еколошко Друштво.