Предавања и активности за предизвиците на жената „Мake it happen! – Виолетувај“ vol. 2

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 март, првото македонско здружение на студенти по психологија ПСИХЕСКО организира еднодневен настан на Филозофскиот факултет со предавања и активности, на кои ќе зборуваат професори и претставници од невладини организации.

„Зошто виолетова боја? Виолетовата е симбол на праведност и достоинство. Таа е бојата на симболите за родова рамноправност (комбинација од црвената боја – асоцијација на жена и сината – асоцијација на мажот)“, се вели во поканата на настанот.

Студентите втора година по ред се обидуваат да ја подигнат јавната свест за важните општествени прашања кои ја засегаат секоја жена, и секој маж. Настанот е закажан за 12 март, со почекот во 11 часот. Во продолжение, програмата за настанот:

10:30 – 11:00 Регистрација на учесниците
11:00 – 11:15 Свечено отворање на настанот и обраќање на членството на здружението за студенти по психологија ,,Психеско,,
11:15 – 12:15 „Репродуктивно здравје на жената“ – Х.Е.Р.А
12:15 – 12:20 Пауза
12:20 – 13:20 „Позицијата на жените од LGBT заедницата во Македонија“ – Антонио Михајлов, Субверзивен фронт
13:20 – 14:00 Пауза за ручек
14:00 – 15:00 „Жената во визуелните уметности“ – Проф. Д-р Никос Чаусидис
15:00 – 15:05 Пауза
15:05 – 16:05 „Приврзување и партнерска психотерапија“, интерактивна работилница со вежби – Вида Гаврилоска, Институт за брак, семејство и системска пракса – „Алтернатива“
16:05 – 16:20 Пауза
16:20 – 17:20 Панел дискусија
17:20 – 17:30 Затворање