Предавање за „Фотографијата и стварноста“ во Битола

Денеска (2 јули) во 20:00 во малата сала на Центарот за култура во Битола ќе се одржи предавање на тема „Фотографијата и стварноста“.

Предавање за „Фотографијата и стварноста“ во Битола

Предавањето „Фотографијата и стварноста“ има за цел да ја проблематизира идејата дека фотографијата ја отсликува реалноста. Предавач ќе биде Сашко Дете Илов, дипломиран професор по филозофија и долгогодишен искусен фотограф од Кавадарци, а организатор е Фото кино клубот „Битола“.

Инаку, во вилата „Дајмонд“ се уште е во тек мултимедијалната колонија „Битола“. И дватa настана се дел од годинашното издание на Бит фест.

Извор