Предавања на професор Филип Нивонер од Оксфорд на Филозофскиот факултет

Професорот по византиска археологија Филип Нивонер, кој предава на катедрата за археологија на Универзитетот во Оксфорд, од утре ќе одржи серија предавања на Филозофскиот факултет во Скопје.

Предавања на професор Филип Нивонер од Оксфорд на Филозофскиот факултет

Станува збор за курсот „Археологијата на мермерот во Македонија и византискиот свет“, кој ќе се одржи на 10, 14, 16 и 17 април со почеток од 10 часот.

Предавањата на професорот Нивонер ја отвораат серијата таканаречените визитинг предавања меѓу Институтот за историја на уметноста и археологија и Катедрата по археологија од Оксфорд, за кој е потпишан меѓусебен договор во ноември лани, по иницијатива на фондацијата „Кирил Трајковски“.

Филозофскиот факултет во Скопје потпиша меморандум за соработка со оваа фондација кој ќе овозможи размена на професори меѓу Оксфорд и Скопје, како и организирање научни конференции, усовршување на млади археолошки кадри од Македонија во Оксфорд.