Празничните светилки во САД трошат повеќе струја отколку во други држави

Празничните светилки користат мал дел од вкупната потрошувачка на струја во Америка, но е повеќе од онаа што некои развиени држави ја трошат низ годината, покажува истражувањето на Центарот за глобален развој. Ел Салвадор, Камбоџа, Непал и Танзанија се некои од земјите кои користат помалку електрична енергија, во споредба со сезонското осветлување во Америка.

Во блогот на Центарот за глобален развој се вели дека украсните светилки трошат 6,6 милијарди киловат часови електрична енергија, што е доволно за напојување на 14 милиони фрижидери. Но, тоа е само 0,2 осто од вкупната потрошувачка во САД.

За своите истражувања Центарот користел податоци од Одделот за енергетика на САД и Светската банка од 2008 година. Исто така, се наведува дека осветлувањето сочинува 14 проценти од вкупната потрошувачката на домаќинствата во САД.