Прашањата за екстерното тестирање објавени на Интернет

Прашањата за екстерното тестирање на учениците од трета или четврта година синоќа беа објавени  од страна на Државниот испитен центар, а може да се проверат на овој ЛИНК. Тестирањето за овие ученици ќе се одржи на 22 и 24 јануари. Двата предмета пак по кои  ќе бидат тестирани учениците ќе бидат објавени на список три дена пред полагањето (19 јанаури).

Прашањата за екстерното тестирање објавени на Интернет

Директен линк до базата со околу 60.000 прашања ќе има и од веб-страниците на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука, а на своите сајтови ќе ја преземат и средните училишта.

Бројот на прашања по наставен предмет зависи од тоа колку е тој застапен неделно, така што за предмет што учениците го имаат еднаш во неделата, во просек ќе има околу сто прашања. Двата предмета по кои ќе бидат тестирани, ќе бидат објавени на список три дена пред полагањето на 19 јануари.

Оперативниот систем е достапен е на три јазици (македонски, албански и турски), при што учениците имаат треба да направат избор дали бараат прашања за гимназиско или стручно образование. За преглед на прашањата се препорачува користење на Мозила, додека прашањата се во ПДФ-формат и има можност да бидат преземени од учениците.

До 10 јануари ќе може да се пријавуваат неправилности или нелогичности во прашањата.

Екстерното тестирање за првпат се спроведе минатата година и беше проследено со бројни ученички протести. Ако лани беа исклучени, од оваа година екстерните тестови, во јануари ќе ги полагаат и учениците од завршните години. За сите останати, полагањето ќе се врши кон крајот на училишната година.