Практичната настава е неопходна за студентите

Практичната настава е неопходна за студентите Практичната настава на универзитетите во Македонија беше тема на денешната седница на Интеруниверзитетската конференција на Република Македонија во ректоратот во Скопје.

Според Ректорот на УКИМ „Кирил и Методиј“ Велимир Стојковски, правилникот за наставна работа на сите универзитети е имплемантиран, а во оделни универзитети процентот на практична настава изнесува и до 60 отсто од вкупната настава.

„Практичната настава претставува позитивно и значајно дополнување на теоретските знаења на кои што ги стекнуваат студентите, нивна практична проверка, снаоѓање, упатување и запознавање со една нова средина, една култура на организазција, а од друга страна, претставуваат потенцијални вработени доколку бидат детектирани како такви од идните работодавачи каде што обавуваат практична настава“, смета Стојковски.

Тој истакна дека потребно е во иднина да се разговара со работодавачите и бизнис заедницата кои треба да ги отворат пошироко вратите за студентите.

За мнистерот за образование и наука Спиро Ристоски, потребна е волја за имплементација на донесените решенија.

„Министерството за образование веќе е задолжено од Владата во следниот период да го зголеми обемот за практична работа каде во комуникација со универзитетите во наредниот период планираме да извршиме измена во која практичната настава за целокупното студирање ќе изнесува не повеќе од шест месеци“, рече Ристовски.

Според Ректорот на Штипскиот универзитет Саша Митрев, треба внимателно да се пристапи во организирањето на практичната настава за таа да не се претвори само во формално потпишување на документи.