Повик за учесници на младинска размена од програмата Еразмус+

Македонската платформа против сиромаштија (МППС) објави повик за учесници на младинска размена од програмата Еразмус+, која ќе се одржи во Трофајах (Trofaiach) Австрија во периодот од 14-22 септември, 2014 година.

МППС

Проектот е во организација на невладината организација ArtMine, а учествуваат млади од Македонија, Босна, Словенија и Австрија. Темата на размената е градење мир, а ќе се разгледуваат конфликтите од минатото и последиците од нив, но и начини за заедничкото градење мир и инклузивно општество.

Учесниците ќе имаат можност да го надоградат своето знаење преку работилници за човекови права, запознавање со програмата Еразмус+, дискриминација и стереотипи, холокаустот и последици, како и средба со добитничката на Нобелова награда за мир за 2012 – Leyman Gbowee од Р. Либерија.

Повикот е отворен за млади на возраст од 18 до 24 години, граѓани на Р. Македонија. Познавање на Англиски е задолжително. Сместување, храна и превоз од Скопје се обезбедени.

За пријавување, пополнете ја апликацијата на следниот ЛИНК најдоцна до 20 август.