Познати детали околу новата преработка на „Озборувачка“

Минатата година најавено беше враќањето на „Озборувачка“, осум години по прикажувањето на серијата.

Потврдено е дека преработката се состои од 10 нови епизоди, а новото дејство вклучува инклузивен состав на актери кој пореално ќе го рефлектира животот на тинејџерите од Њујорк. Првата епизода ќе премиерно ќе се прикаже во мај на сервисот за стримање „ХБО“.

Оригиналниот  продуцент на шоуто Џошуа Сафран, соопштил дека новото дејство исто така ќе се одвива во училиштето за девојки „Констанс Билард“, каде претходно „војуваа’ Блер, Серена и малата Џени – осум години откако се згасна веб сајтот „Озборувачка“.

Според објавеното кратко сиже овојпат нова генерација на тинејџери од приватното училиште се сретнуваат со „Озборувачката“ – сезнаечкиот социјален детектив. Но, серијата го покажува влијанието на социјалните мрежи и социјалниот пејсаж на Њујорк се промениле со текот на времето.

Сафран изјавил дека новата сезона не е продолжување на познатата приказна, туку напротив, претставена е сосема нова перспектива.

За време на фестивалот „Вулчр“ во 2019, Сафран изјавил дека овојпат главните улоги не се белци и дека во преработката има застапено ликови со различни сексуални ориентации. Кристен Бел ќе биде главниот наратор, додека во новата сезона ќе се појават актерите Емили Ејлин, Витни Пик, Ели Браун, Џонатан Фернандес и Џејсон Готеј.

За жал, нема да биде претставено враќањето на Серена и Блер, но од продукцијата истакнале дека го контактирале целиот оригинален состав и тие се добредојдени во серијата доколку самите го сакаат тоа.

Во оригиналната серија, актерскиот состав го сочинуваа Блејк Лајвли, Лејтрон Мистер и Пен Беџли, а серијата имаше шест сезони помеѓу 2007 и 2012 година, па оттаму разбирливо е променетата перспектива на шоуто, со фокус кон социјалните мрежи.

Извор: Dazed&Confused