Познат пакистански новинар доби забрана да ја напушти државата

Еден од најпочитуваните новинари во Пакистан не смее да ја напушти земјата, откако пишувал за владините грижи дека воената поддршка на џихадистичките групи ја остава државата изолирана и без меѓународна помош.

Кирил Алмеида, значаен колумнист и репортер од популарниот весник „Зора“, вели дека го известиле дека е на „контролна листа за излез“ неколку дена откако напишал сторија за драматична пресметка меѓу пакистанските цивили и армијата, поради милитантните групи кои оперираат од Пакистан, но се вклучени во војна против Индија и Авганистан.

Алмеида денес планирал да лета до Дубаи на одамна планиран одмор со членови од неговото семејство, но во понеделникот добил известување дека нема да му биде дозволено да се качи во авионот.

Во понеделникот вечерта, уредникот на „Зора“, Зафар Абас, на Фејсбук страницата на весникот објавил дека сторијата била „потврдена, два пати проверена и со факти“.

„Избраната влада и државните институции треба да се органичат од целење кон оној кој ја пренесува пораката, и да го омаловажуваат најпочитуваниот весник во државата со лоша кампања“, пишува во соопштението.