Познат американски адвокат се самозапали во знак на протест против климатските промени

Угледен американски адвокат почина откако се запали во парк во Њујорк во знак на протест против климатските промени.

Телото на 60-годишниот Дејвид Бакел било пронајдено во Проспект парк во Бруклин.

Во порака оставена покрај себе, Бакел напишал дека тој се жртвувал себеси користејќи фосилно гориво за да го симболизира она што според него ја означува, „ штетата што човештвото ја прави на Земјата“.

Според него, повеќето луѓе дишат лош воздух, а многу умираат предвремено.

Бакел беше познат по своето правничко претставување на ЛГБТ заедницата, но подоцна започнува да соработува и со неколку еколошки групи.

„Загадувањето ја уништува нашата планета, загадувајќи ја почвата, воздухот, водата и времето”, напишал адвокатот во својата самоубиствено писмо, цитира „Њујорк тајмс“. Писмото, исто така, било испратено до неколку организации непосредно пред да биде откриено телото, објави весникот.

„Мојата рана смрт од фосилно гориво го одразува она што си го правиме на себе”, рече тој.

Бакел беше главниот адвокат во случај каде се откри дека полицијата во Небраска потфрлила да го заштити Брендон Тина, трансродов тинејџер кој бил силуван и нападнат, а подоцна бил убиен.

Приказната на Тина беше предмет на филмот „Boys Don’t Cry” од 1999 година, за кој Хилари Свенк освои Оскар за нејзиното портретирање на неговиот лик.

Тој, исто така, работел како директор на проект и советник во организацијата „Lambda Legal“, која се бори за правата на ЛГБТ лицата.