Позитивна судска пресуда: Лице што го променило својот пол го промени и матичниот број

Управниот суд Скопје на 7 јули донесе пресуда за уважување на тужба на тужител за исправка на податоците во матичната книга на родените откако го променил полот, информира Македонското здружение на млади правници (МЗМП).

Со одлуката се поништува Решение на Министерството за правда, кој како второстепен орган го потврдил решението на Управата за водење на матичните книги и го одбил тужителот за исправка на податоците во матичната книга на родените за промена на податокот за пол.

Според судот, со спорното решение повреден е законот и во конкретниот случај нецелосно е утврдена фактичката состојба, поради што е погрешно применет Законот за матична евиденција и Законот за општата управна постапка, согласно кои Министерството за правда требало да му укаже на првостепениот орган за сторената повреда.

2Во текот на управната постапка не биле ценети доказите односно целокупната медицинска документација според која дошло до комплетна тренсформација на полот, поради што тужителот се стекнал со сите права согласно закон во склад со новоформираниот пол за промена на податоците во матичната евиденција“, велат од МЗМП.

Постапката се водеше во рамки на проектот „Борба против дисцриминацијата“ поддржан од Open Society Institute –Budapest.