Пожар во Рио де Женеиро уништи музеј со непроценливи експонати од историјата на Бразил

Голем пожар избувна во 200-годишниот Национален музеј на Бразил во Рио де Жанеиро, зафаќајќи ја целата структура и оставајќи ги работниците да се борат за да ги спасат своите непроценливи експонати.

Огромниот пожар можел да се види на неколку километри од историската зграда, која порано служела како палата на португалското кралско семејство.

Бразилскиот претседател, Мишел Темер, го нарече „тажен ден за сите Бразилци”.

„Двесте години работа, истражување и знаење се изгубени”, изјави Темер во соопштението. „Вредноста на нашата историја не може да се мери со оштетувањето на објектот”.

Пожарот избувнал околу 19:30 во неделата вечер, кога музејот бил затворен за посетителите. Портпаролот на музејот изјави дека не се пријавени повреди, и не било јасно како започнал пожарот.

Роберто Робадеј, портпарол на одделот за противпожарна заштита, рече дека 80 пожарникари се бореле со пожарот и дека до полноќ по локално време бил ставен „под контрола”.

Во музејот има експонати од Египет, грчко-римската уметност, а во неговата колекција од историската природа, има значајни откритија на коски на диносауруси и 12.000-годишниот скелет на жена – најстариот човек што некогаш бил пронајден во Америка.

Но, вработените претходно се жалеа на дотраената состојба на зградата поради недоволно финансирање. На пожарникарите им било отежнато да се борат против пожарот во неделата вечерта, бидејќи двата хидранти најблиску до музејот не функционирале. Наместо тоа, морало да се испратат камиони за да се добие вода од блиското езеро.

Сепак, некои делови од музејот се спасени.

„Ние успеавме да отстраниме многу работи одвнатре со помош на работниците од музејот”, изјави портпаролот на пожарникарите Робадеј.

Поврзан со Сојузниот универзитет во Рио де Жанеиро, музејот има изложби кои вклучуваат антропологија, археологија и палеонтологија, меѓу другите.

Заменик-директорот на музејот, Луис Фернандо Диас Дуарте, исто така, го покрена прашањето за намалување на средствата. Тој изјави: „Секој сака да поддржува сега. Никогаш немавме соодветна поддршка”.

Најголемата нација во Латинска Америка се бореше да излезе од својата најлоша рецесија во последниве децении. Особено тешко е погодена во последниве години поради падот на светските цени на нафтата, еден од нејзините главни извори на приходи, лошо раководење и масовна корупција.

Нешто повеќе од еден месец пред националните избори, дури и пред да се изгасне пламенот, пожарот водеше до обвинувања за дотраената инфраструктура и буџетскиот дефицит во градот што беше домаќин на Олимпијадата во 2016 година.

„За жал, со оглед на финансиските тежини на Сојузниот универзитет во Рио де Жанеиро и сите други јавни универзитети во последните три години, ова беше трагедија што можеше да се предвиди”, објави на Твитер Марина Силва, еден од водечките претседателски кандидати.

На Инстаграм, градоначалникот на Рио Марсело Кривела ја повика земјата да учествува во обновата.

„Национална обврска е да го реконструираме од пепелта, да ги реконструираме сите вечни детали на сликите и фотографиите. Дури и ако тие не се оригинални, тие продолжуваат да бидат потсетник на кралското семејство кое ни даде независност, (португалската) империја и првиот устав и национално единство”, рече тој.