Пожар на Градежен факултет

Голем пожар избувна утрово кај зградата на Градежниот факултет во Скопје. На терен го гаснат пожарот повеќе пожарникарски возила. Како што информира Ѕвонко Томески, командир на противпожарната бригада на Скопје, опожарени се три простории на вториот спрат на факултетот.

Во моментов, се уште се работи на гаснење и локализирање на пожарот. На социјалните мрежи се споделуваат фотографии и видеа од пожарот.