Пожар избувна во ноќен клуб во Букурешт, 27 млади луѓе загинати

Дваесет и седум лица, повеќето тинејџери и млади луѓе загинаа синоќа откако избувна пожар во ноќен клуб во Букурешт, пренесува BBC. Трагичниот настан се случил по избивање на пожарот кој предизвикал станпедо на посетителите кои се обиделе да се упатат кон излезот.

Од службата за Итна помош велат дека 155 лица биле повредени и однесени во болница, а 27 лица загинале.

Како причина за пожарот се претпоставува дека се пиротехнички сретства користени за време на концертот на познат хеви метал бенд.

Пиротениката запалила дел од материјалите на бината што предивзикало чад, велат сведоци на настанот.

„Луѓето се преплашија од чадот, беше тотален хаос, настана станпедо во кое посетителите се газеа еден со друг“, изјави за една локална телевизија посетител на клубот кој успеал да се спаси.