Повторно земјотрес во Скопје со магнитуда 3.7

Не престануваат земјотресите во главниот град на Македонија. Во 14:19 часот скопјани почувствуваа нов потрес.

Според EMSC-CSEM, земјотресот бил со јачина од 3,7 степени според Рихтер, а на длабочина од 5 километри. И на овој земјотрес епицентарот е некаде 4 километри западно од Арачиново, 1 километар источно од Црешево, односно на 9 километри североисточно од Скопје.


Како за компарација, претходниот земјотрес во 11:50 часот беше со магнитуда од 2.3 степени, на 5 километри западно од Арачиново.