По петти пат продолжен притворот на новинарот Кежаровски

Уште триесет дена притвор за новинарот Томислав Кежаровски, одлучи Кривичниот совет на Основниот суд 1 во Скопје. Ова е петто по ред продолжување на притворот за новинарот.

Ново продолжување на притвор од 30 дена добија и останатите обвинети во случајот Ликвидација.

Томислав Кежаровски беше уапсен во акцијата Ликвидација, под сомнение дека во текст што го објавил пред пет години во магазинот „Репортер 92“, наводно го открил идентитетот на заштитениот сведок.

Новинарските здруженија сметаат дека Кежаровски е неправедно затворен и неколку пати со протести побараа негово итно ослободување од притвор за да се брани од слобода, а апел за негово ослободување упатија и повеќе меѓународни организации меѓу кои и ОБСЕ.