Повторно отворен Работниот клуб во Центарот за вработување на град Скопје

Повторно отворен Работниот клуб во Центарот за вработување на град СкопјеПроектот на УСАИД „Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување (Мрежа ЈЕС)“ денес го прослави повторното отворање на Работен клуб во Центарот за вработување на град Скопје.

Ова е еден од седумте работни клубови коишто УСАИД ги реновира и опреми во општини ширум Македонија. УСАИД обезбеди нов мебел, компјутерска опрема, книги и други материјали во вредност од 5.000 долари за секој работен клуб.

„Постои голем јаз помеѓу вештините коишто работниците ги имаат и вештините коишто се потребни на пазарот на труд. Доколку сакаме ефективно да ја намалиме стапката на невработеност во Македонија, јасно е дека исто така мораме да го намалиме тој јаз“, рече Директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн.

Главната цел на Работниот клуб е да им помогне на невработените пријавени во АВРМ да ги стекнат потребните вештини за успешно наоѓање на вработување на пазарот на трудот во Македонија кој брзо се менува. Неговите ресурси и услуги ќе им помогнат на невработените да дознаат за разни кариерни можности и за тоа како тие соодветствуваат со нивните лични вештини, способности и знаења и ќе ги одведат до соодветни кариери и значајно вработување.

Во текот на следната година, Проектот Мрежа ЈЕС на УСАИД ќе продолжи да поддржува реновирање и обезбедување на нова опрема за работните клубови во други општини.