Повредени триесетина ученици во сообраќајна несреќа меѓу комбе и автобус

Триесетина ученици од основното училиште „Гоце Делчев“ од Демир Хисар се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутрината околу 07:30 часот на патот Демир Хисар – Кичево.

Сообраќајната незгода се случила помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од С.С.(56) од Крушево и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван од З.С.(49) од с.Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од ОУ „Гоце Делчев“-Демир Хисар, соопшти МВР.

При несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на комбето, а со телесни повреди се здобиле учениците. Повредените се пренесени во Клиничкиот центар во Битола каде им е укажана лекарска помош.