Повредени повеќе од 30 лица во судир на воз и автобус кај Лозово

Повеќе од триесет лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која утрово околу 7 часот се случи на патот Штип-Велес кога се судриле патнички автобус и воз во близина на бензинската пумпа Мики петрол на патот .

Судир на воз и автобус кај Лозово, повредени повеќе од 30 лица

Судирот се случил меѓу автобус на ,,Струмица–Експрес“ и шинобусот кој сообраќа на линијата Кочани–Скопје на железничкиот премин на Овче Поле во близина на Лозово, објави Канал 77.

Сите повредени биле веднаш пренесени во велешката и штипската болница. Поради серизноста на повредите тројца од пациентите подоцна се префрлени на лекување во Скопје. Како што пренесоа повеќе македонски медиуми поголем дел од повредените кои се возеле во автобусот биле студенти.

Поради несреќата, во прекин е сообраќајот во делот од Овчеполската крстосница до Сарамзалино.

Фото: Прес24