[Обновено] Четири жртви во експлозија на гас во центарот на Париз

Четири лица го изгубиле животот при силната експлозија во пекара во централен Париз, а повредени се уште дваесетина луѓе.

Од експлозијата, за која полицијата засега тврди дека е предизвикана од протекување на гас, настрадале повеќе автомобили и околните објекти.

Безбедносните служби побарале луѓето да бидат подалеку од локацијата и да дозволат пристап на итните служби.

Во Париз и повеќе други француски градови денеска ќе се одржат нови антивладини протести на „жолтите елеци“, поради кои низ земјата се распоредени 80 илјади полициски службеници. Засега експлозијата не се поврзува со демонстрациите.