Повозрасната и поконзервативната публика повеќе верува на лажните вести

Во последно време, сѐ повеќе се намалува дистинкцијата меѓу „лажните вести“ – вести кои се неточни или сосема фабрикувани, а потоа објавени на неверодостојни медиуми, и вестите кои се основани на факти.

Поради тоа, се наметнува прашањето – кој ги чита лажните вести, и како публиката да направи разлика помеѓу вест на автор со пристрасни погледи, или лажна вест?

Кога станува збор за претседателските избори на САД, PEW Центарот за истражувања, дозна дека младите луѓе имаат многу помала веројатност редовно да читаат за изборите преку реноирани и веродостојни национални медиуми. Спротивно од тоа, повозрасната публика има поголема веројатност дека ќе чита локални медиуми.

Дополнително, психолошките студии покажале дека конзервативците полесно прифаќаат приказни за, на пример, лажни терористички напади – бидејќи се поприлагодени на „штетите“ во светот.

Либералците, од друга страна, се труда да ги ценат можностите кои им ги нуди промената, а конзервативците гледаат безбедност во културолошкото статус кво.

Психолозите велат дека либералците не се попаметни, туку имаат различни причини за разоткривање на лажна вест.

Фејсбук започна да презема мерки, со кои ќе се соочат со ширењето на лажни вести на социјалната мрежа, вклучувајќи воведување на нови начини за обележување на сомнителни објави кои не се основани, или пак преку намалување на бројот на луѓе до кои ќе допре објавата.