Повик за учество на второто издание на Паратисима Скопје

Објавен е повикот за учество на второто издание на интернационалниот саем за уметност Паратисима Скопје
кој ќе се одржи од 12-14 јуни, 2015 во Младинскиот културен центар.

Сите заинтересирани за учество на годинешното издание на Паратисима ќе може да се пријават најдоцна до 10 мај, 2015 година. Настанот е отворен за сите уметнички формати и не наметнува услови за квалификација.

Паратисима е интернационален саем за уметност посветен на поддршка и промоција на културата, уметноста и креативните индустрии. Поврзувајќи ги постоечките мрежи во секторот на култура и креативност, саемот нуди можност за соработки и поттикнува раст на нови, органски мрежи кои се во согласност со иновациите и потребите на тековните пазари на културата и уметноста.

Паратисима започна во 2004 година во Торино, Италија со цел да овозможи простор и промоција за авторите и креативните работници, во контекст кој е надвор од институционалната и елитната уметничка сцена, каде што емергентните автори ќе имаат можност да се претстават и развијат.

Во 2014 година, Паратисима започна да се интернационализира организирајќи го Првиот саем за современа уметност – Паратисима Скопје.

Сите дополнителни детали поврзани со Паратисима, како и повикот за учество може да ги најдете официјалниот сајт на настанот.