Повик за волонтери во Црвен крст на Град Скопје

Под мотото „Волонтирај сега“, Црвен крст на Град Скопје во соработка со Швајцарскиот Црвен крст започна кампања за вклучување на нови волонтери во организацијата.

Таа е резултат на зголемената потреба од нови волонтери во време на пандемија предизвикана од Ковид-19. Така што, преку волонтирање ќе се помогне на активностите на Црвениот крст во процесот на вакцинација.

Сите заинтересирани млади или пак родители на млади, можат да се обратат на 02/3139-578 или на skopje.mladi@redcross.org.mk