Повик за волонтери на „Станица. Студентска 7.0“

Младински образовен форум (МОФ) отвори повик за волонтери за „Станица:Студентска 7.0“. Целодневниот настан ќе се одржува на 23-ти април на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје.

На овогодинешната „Станица Студентска“ ќе биде организиран саем на младински организации, паралелни предавања во две простории, работилници и chill out зона.

Волонтерите ќе имаат можност директно да се вклучат во редовните активности на организацијата со што ќе стекнат организациски вештини и ќе ги надградат своите знаења преку присуство на работилници, дискусии и настани со врвни професионалци.

Обврски и задачи на волонтерите:
 Асистирање на координаторот при организирање и логистика на настанот
 Асистирање за промоција на настанот
 Асистирање при координација на предавачи, организации и учесници

Заинтересираните кандидати треба да бидат во можност да волонтираат на 23-ти април, од 9 до 18 часот, за целото времетраење на настанот. Дел од волонтерите ќе бидат ангажирани и во периодот меѓу 18-ти и 22-ри април, како би помогнале при промоција на настанот.

Сите заинтересирани може да се пријават до 17-ти април на следниов ЛИНК.