Повик за волонтери на Skopje light art district 2021

Објавен е повикот за волонтери за четвртото издание на Skopje light art district 2021 кој годинава ќе се одржи од 08 – 11 септември.

„Ако не си бил во можност да волонтираш на некое од претходните изданија, токму сега ти имаш можност да да бидеш дел од оваа уникатна и единствена приказна во градот, да станеш дел од четиридневниот интернационален Фестивал на светлина“, стои во повикот.

Организаторите бараат 15 волонтери кои ќе помогнат во изработка и поставување на делата низ градот, да се погрижат сите да дознаат за настанот и да документираат што се случувало во тие 4 дена, волонтери кои ќе им ги покажат и претстават делата на посетителите, фотографи и кинематографи, кои ќе го документираат целиот настан и кои ќе ги насочуваат залутаните посетители.

„Ќе запознаеш и ќе работиш со еден куп cool уметници, перформери, музичари и продуценти, од земјава и странство, ќе научиш _куп нови работи и ќе стекнеш еден куп нови пријателства“, се вели во повикот.

Потребно е да се пополни апликација на следниот ЛИНК, најдоцна до 20 август.