Повик за волонтери на „Skopje light art district 2020“

Фестивалот Skopje light art district објави повик за 15 волонтери за своето трето издание кое ќе се одржи од 19 – 22 август оваа година.

„Ако не си бил во можност да волонтираш на некое од претходните изданија, токму сега ти имаш можност да да бидеш дел од оваа уникатна и единствена приказна во градот, да станеш дел од четиридневниот интернационален Фестивал на светлина. Пофали им се на другарите и твоите дека токму ти сакаш да станеш волонтер и да имаш искуство за паметење и раскажување“, стои во повикот.

Од фестивалот бараат кандидати без разлика на возраста или пак работниот статус, туку да се полни со енергија и ентузијазам.

„Ќе запознаеш и ќе работиш со еден куп кул уметници, перформери, музичари и продуценти, од земјава и странство, ќе научиш куп нови работи и ќе стекнеш еден куп нови пријателства. Не заборавај дека ќе имаш еден куп приказни за раскажување на другарите од клас, на колегите од факултет, на шефот на работа и на другарите од маало“, велат организаторите.

Тие бараат волонтери кои ќе помогнат во изработка и поставување на делата низ градот, промоција на настанот и негово документирање, потоа некои што ќе им ги покажат и претстават делата на посетителите, како и волонтери што ќе им помагаат на залутаните посетители.

Заинтересираните треба да се пријават на следниот ЛИНК најдоцна до 2 август 2020.