Повик за волонтери на Паратисима Скопје

Фестивалот за современа уметност Паратисима Скопје објави повик за волонтери кои би помагале за време на новото издание на фестивалот што ќе се одржува од 10 до 12 јуни, во Младинскиот културен центар.

„Ако си вљубеник во уметноста, но исто така љубиш да им помагаш и на луѓето, тогаш волонтирај на Паратисима Скопје, 2016!

Не е важно кој/а си, што си и каков/ва си, важно е да сакаш да се дружиш, да запознаеш нови луѓе, да сакаш три дена да пројдеш тотално без глава и се разбира да добиеш едно ново и забавно искуство кое мора да ни веруваш дека понатаму далеку ќе те служи!“, се вели во повикот.

Волонтерите ќе имаат задача да помагаат во техничкиот дел од настанот, односно пречекување на гостите, поставување на инсталациите и одржување на просторот.

Оние што сакаат да се пријават, можат да го направат тоа испраќајќи свои податоци како име, презиме, број и возраст на следната е-адреса: contact@paratissimaskopje.mk