Повик за волонтери на Олимписките игри во Рио 2016

Волонтерската програма „Рио 2016“ е добра можност за сите заинтересирани да учествуваат во најголемиот светски спортски настан преку помагање на некоја од бројните активностите кои ќе се спроведуваат во Рио де Женеиро.

Повик за волонтери на Олимписките игри во Рио 2016

Сите кандидати кои сакаат да станат волонтер на Олимписките и Параолимписките игри во Рио, 2016 година треба да ги исполнат следните критериуми:

-Да имаат наполнето 18 години до 28 февруари, 2016 година.
-Да бидат слободни 10 дена во текот на игрите
-Да имаат завршено основно образование (не е задолжително)
-Да бидат слободни во целиот процес на селекција на волонтерите и самиот тренинг, што би одземало до три дена.

За оние што ќе бидат избрани за волонтери, ќе имаат можности за помагање на аеродромите и за време на церемноиите, да бидат асистенти на фотографот, да ја средуваат опремата и сл.

„Волонтирањето е корисно за збогатување на вашето CV, проширување на кругот на пријатели и дава можност за контакт со луѓе од различни култури. Исто така ќе бидате во можност да уживате во ексклузивни курсеви за обука кои ќе се обезбедини за избраните кандидати. Ова е шанса Олимписките и Параолимписките игри да станат дел од историјата во вашиот живот“, се наведува во повикот.

Рио де Женеиро е втор најголем град во Бразил, а шестти во Америка. Центарот на градот е историско место составено од голем број на цркви. Има неколку познати музеи како и градината Passeio Público, која датира од 18-ти век и е егзотична туристичка атракција. Самиот град е поделен на три зони, Западна, Северна и Јужна.

Рио де Жанеиро е главниот културен центар во Бразил. Неговата архитектура опфаќа цркви и градби од 16 до 19 век, спојувајќи се со светски познатите дизајни на 20 век, а има влијание од француската, португалската и англиската архитектура. Рио бил дом на португалското царско семејство и главен град на земјата многу години. Овој град е најнаградуваната дестинација од страна на World Travel Awards за најдобра туристичка дестинација во Јужна Америка. Секако, кога станува збор за овој град, не може а да не се спомне Карневалот, кој е годишна прослава во Римокатоличката традиција. Влече француски и германски корени, но во 20-тиот век, под влијание на бразилската музика надградена со тапани, ја стекнал општопознатата препознатливост.

Краен рок за пријавување е 15 ноември, 2015. За регистрација и повеќе информации, посетете го официјалниот сајт на Олимписките игри во Рио Де Женеиро .

А.Ф.