Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони Македонија“ објави повик за волонтери за престојното трето издание.
„Бидете дел од волонтерскиот тим на Џифони! И оваа година Џифони Македонија ја бара вашата креативност, енергичност и посветеност надевајќи се дека и овогодишното трето издание на Џифони “DayDreaming” заедно ќе го направиме единствено и неповторливо“, се вели во повикот.
Оние кои сакаат да волонтираат на фестивалот потребно е да ја пополнат апликацијата најдоцна до 7 септември.
Покрај повикот за волонтери, во тек е и повикот за локално жири на фестивалот составен од деца. Заинтересираните за учество во жири може да се пријават овде.
Првото издание на Филмскиот фестивал „Џифони Македонија“ се одржа минатата година помеѓу 17-ти и 22-ри октомври под слоганот Steps, додека минатата година се одвиваше под слоганот: Crossroads на неколку локации во Скопје, во периодот од 8-ми до 12-ти октомври.
Покрај презентацијата на филмови, Џифони на младите им нуди голем број на креативни работилници, дружења со познати личности од културата, филмот, уметноста и секако ширење на безброј познанства со деца од повеќе земји од светот.