Повик за волонтери на „Браќа Манаки“

Интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“ во Битола сподели повик за волонтери кои би помагале во реализација на фестивалот.

Сите заинтересирани што сакаат да бидат дел од ова 40, јубилејно издание треба да се пријават на (volonteri@manaki.com.mk). Во пријавата треба да се остави и кратко CV.

„Придружете ни се, не ја пропуштајте шансата да бидете дел од фестивалскиот тим и да се дружите со филмските професионалци“, стои во повикот.

Фестивалот годинава ќе се одржува од 14 до 21 септември. Целата е програма е достапна на следниот линк.