Повик за уметници за учество на семинар за куратори во Португалија

Град Скопје објави отворен повик за уметниците кои живеат и работат во Скопје за учество на семинар во градот Авеиро во Португалија, што ќе го истражува односот помеѓу историјата на уметноста и кураторството, како и наративноста вклучени во кураторството.

Семинарот ќе се одржи од 29 до 31 октомври и ќе се фокусира на современите изложби на уметноста на дваесеттиот век. Се состои во сесии за изложби и сесии за студии на случај, вклучувајќи и дискусија за есеи, посета на изложба со дискусија и учество на независен куратор.

Локацијата каде што ќе се одржи семинарот се наоѓа во центарот на Авеиро, во Конгресниот центар што е сместен во поранешната Фабрика Јеронимо Переира Кампос, која датира од 1916 година. Од 1995 година е конгресен центар, најрелевантен во регионот и професионален центар за обука.

Семинарот е отворен за локални куратори и уметници (родени или жители ) во кој било од градовите што учествуваат во “CreArt” Мрежа на градови за уметничко творештво”.

Потребно е кураторите и уметниците да имаат диплома по уметност, кураторство или сродни области, најмалку една година кураторско искуство или работно искуство во музеј / галерија и сл. Организацијата ги покрива патните трошоци до 600 € и сместување, освен за учесниците од Авеиро. Организација нуди оброци на сите учесници во текот на работилницата. Учесниците треба да носат со себе лаптоп и треба да присуствуваат на сите сесии на семинарот.

Рокот за пријавување е до 16 септември 2018 година.

Сите заинтересирани он-лајн формуларот за аплицирање треба да се поднесат онлајн до 16 септември 2018 година: https://creart2-eu.org/open-calls/

Потребни се следните документи:  Име, адреса, телефонски број и имејл адреса; Скенирана копија на лична карта или пасош; Кратка биографија; Да се наведат причини за учество на семинарот (Не повеќе од една А4 страница).

Град Скопје од 2017 година стана партнер во Креарт (Мрежа на градови за уметничко творештво) што претствува европска мрежа составена од градови и од јавни и приватни културни институции. Целта на проектот е да одговори на одредени потреби што ги споделуваат европските културни институции и уметници: да го максимизираат економскиот, социјалниот и културниот придонес кој визуелните уметности можат да ги направат со подобра поддршка на уметниците, менаџерите, индустријата и пошироката јавност, овозможувајќи им да креираат, изложуваат и да уживаат во уметничките дела, како и да добијат пристап до обуки преку семинари, резиденции на уметници, работилници и истражувачки програми. Лидер на проектот е градот Валадолид од Шпанија, а проектот го сочинуваат 12 партнери.