Повик за учество во семинари за професори од средните училишта

Anne Frank House, во соработка со локалните организации од Македонија (Младински образовен форум – МОФ), Босна и Херцеговина (Youth Initiative for Human Rights -YIHR & Humanity in Action – HiA), Хрватска (Croatian Education and Development Network for the Evolution of Communication – HERMES) и Србија (Open Communication – OK), покануваат професори од средните училишта од Македонија да се пријават на Повик за учество во, еден од три, семинари наменети за професори.

Тренинзите се дел од проектот ‘’Historija, Istorija, Povijest – Lessons for Today’’ (скратено: ХИП)

Проектот ХИП се состои од иновативна едукативна методологија, моделирана според едукативен пристап кој се применува во Anne Frank House од Холандија, чија цел е да покрене свесност и да потикне дискусија за скорешната историја на национализам, дискриминација, предрасуди и стереотипи во регионот на бивша Југославија. Едукативните материјали изработени во рамките на овој проект, исто така се создадени да промовираат критичко мислење за историски настани и нивното значење за денешните предизвици. Целта беше да се креаира несекојдневна, интердисциплинарна, насочена кон граѓанско образование, плуралистичка едукативна содржина од областа на историјата. Материјалите и методологијата се изработени со комбинирање на формален и неформален пристап. 

Теми и методи кои ќе бидат презентирани на Тренизите за професори

Секој семинар ќе опфати вовед во ‘Anne Frank – a History for Today’ – патувачка изложба, и нејзината придружна методологија за врсничка едукација. Понатаму, учесниците ќе се запознаат со Anne Frank House Memory Walk методологија преку пристапот на дискусија за комеморација и сеќавање, преку интерактивно истражување на споменици.

Ќе бидат презентирани и неколку предлог-лекции, кои опфаќаат час од 45 минути на тема „Југославија по 1945“ или нејзиното распаѓање. Учесниците ќе добијат едукативни материјали кои ќе можат да ги понесат со себе по семинарот.

Кој може да се пријави?

Повикот е отворен за професори во средно образование (и во одредени случаи, професори кои предаваат во последните години во основни училишта ), од областите на историја, граѓанско образование, филозофија, етика и литература кои сметаат дека темите и материјалите од семинарот ќе им бидат од корист.

Професори од други дисциплини се добредојдени исто така, но потребно е да посочат дека присуството на семинарот може да биде корисно за нивната работа. На крајот, студенти и идни професори по историја и граѓанско образование се исто така добредојдени да аплицираат. 

Локација:

Предвидени се 3 семинари, секој во различен град.

17 – 21 Февруари 2016 во Загреб, Хрватска

16 – 20 Март 2016 во Мостар, Босна и Херцеговина

20 – 24 Април 2016 во Белград, Србија

Доколку сте избрани, ќе присуствувате на еден од овие семинари.

Сместување и пат

Сместувањето во хотел со две или три ѕвезди го покрива организаторот. Учесниците ќе бидат сместени во еднокреветни или двокреветни соби. Сите оброци за време на семинарот се покриени од страна на организаторите. Превозот ќе биде организиран преку туристички агенции и ќе се патува со комбе до местото на семинарот. Во исклучителни случаи, ако учесниците преферираат да дојдат со свое возило, може да се покрие трошокот, со претходна најава, како би можело ова да се договори.

Јазик кој ќе биде користен

Сите работилници ќе бидат или на босански/хрватски/ српски или на англиски јазик. Доколку имате потреба од превод, ќе ви биде доделен преведувач.

Начин на аплицирање

Ве молиме пополнете ја апликацијата и пратете ја на локалниот координатор на проектот не подоцна од 10 јануари 2016 до 17:00 часот.

Сања Стефановиќ – sanja_stefanovik@mof.org.mk

За дополнителни информации: 3139692 лок.103

Текстот на англиски јазик може да го преземете ТУКА.