Повик за учество во работилница „Прифати, толерирај, не дискриминирај!“

Младинската организација „Младите можат“ објави повик за учество во еднодневната работилница на тема  „Прифати, толерирај, не дискриминирај!“ која ќе се одржи на 2 април.

Повик за учество во работилница „Прифати, толерирај, не дискриминирај!“

Право на учество имаат сите заинтересирани средношколци, а целта на оваа работилница е да се соберат на едно место млади, припадници на различни етнички групи и заедно, преку дискусија, дијалог и неформални методи да придонесеме за намалувањето на дискриминацијата, за подобрување на соживотот и да ја поттикнеме толеранцијата меѓу младите.

„Дали сме навистина различни? Кој вели дека не можеме да бидеме толерантни? Да му покажеме на општеството дека ваква промена е возможна! Веруваме дека во сите нас постои моќ за да предизвикаме промена, потребна е само желба. Ајде сите заедно да ја започнеме борбата против дискриминацијата, бидејќи добро општество значи хармонично општество“, порачуваат од „Младите можат“.

Краен рок за аплицирање е 28 март, до кога треба да се пополни апликацијата на следниот ЛИНК.