Повик за учество во работилницата „Млади и акција за мир“

RYCO и UNFPA отвораат повик за 40 млади ентузијасти, на возраст од 18 до 27 години, кои ќе учествуваат на тридневна работилница „Млади и aкција за мир“.

На работилницата ќе се користи Y-PEER методологија (млади обучуваат млади), адаптирана на темите на градење на мир и трансформација на конфликт. Учесниците ќе имаат и можност да учествуваат во осмислување на неколку иновативни идеи за промоција на градењето на мир, чија имплеменатација ќе биде поддржана во наредниот период.

Работилницата има за цел понатамошно развивање на компетенциите на учесниците и нивно опремување со потребните алатки за ангажирање, разбирање, како и решавање на проблемите кои влијаат на личниот и мирот во заедницата. Kористејќи ги новостекнатите знаења и вештини, учесниците ќе продолжат да работат во нивната локална заедница или пак на национално ниво, овозможувајќи ширење на мрежата за да што поголем број на млади луѓе земат активно учество во активности поврзани со градењето на мир.

Исто така како цел е оваа група да стане поборник за мир и безбедност во локалната околина, носејќи ги промените во нивните општества на долг рок. Оваа група ќе работи во мултикултурна средина со млади заедно со млади тренери и фасилитатори.

Предвидени се две онлајн работилници со по 20 учесници по работилница. Првата работилница е предвидено да се одржи од 13-ти до 15-ми ноември, а втората од 27-ми до 29-ти ноември, 2020 година, така што можете да изберете термин кој најмногу ви одговара. За следењето на оваа работилница задолжително е поседување на статичен компјутер или лаптоп (со камера). Работен јазик на работилницата ќе биде македонскиот, со симултан превод на албански јазик, и обратно.

Од учесниците се очекува да работат во тимови и да се вклучат со други учесници, како и да можат да работат лице в лице и од далечина. По завршувањето на работилницата, учесниците ќе имаат задача да направат мала дисеминациска активност каде ќе го промовираат мирот и толеранцијата преку артивизам кај младите или преку друг вид на активност, која самите ќе ја осмислат.

Kритериуми за пријавување:

– Млади луѓе на возраст од 18-27 години, од сите етникуми и региони од Северна Македонија;
– Особено се охрабруваат да се пријават младите кои се припадници на ранливи, маргинализирани и потешко достапни групи;
– Интерес во учество во активности поврзани со градење на мир и интерес во унапредување на човековите права, активизам и слични области;
– Отвореност за учење, личен раст, размена на мислења, прифаќање на разликите во културата и други разлики;
– Отвореност кон неформални начини на учење;
– Креативност и иновативен начин на размислување;
– Отвореност кон подобро разбирање на различните искуства и идентитети, вклучително возраст, социјален статус, религија, род, сексуална ориентација, попреченост, етничка припадност, место на живеење и друго;
– Посветеност да се остане ангажиран во заедницата во активности поврзани со младите.
– Претходно искуство во работа со ранливи, маргинализирани и потешко достапни групи е добредојдено, но не е предуслов за пријавување.

Што нуди работилницата:
– Можност да се сретнете и да се поврзете со млади луѓе од целата територија на Република Северна Македонија;
– Учество на интерактивна обука со искусни врснички едукатори, на тема градење на мир и трансформација на конфликт, младинско учество, артивизам;
– Можност за поголемо учество во застапување на младите во решавање на нивните приоритети;
– Можност за изразување на вашата креативност и осмислување на иновативни идеи кои го промовираат градењето на мир помеѓу младите луѓе.

Краен рок за аплицирање е 5 ноември 2020, на следниот ЛИНК.

Контакт за дополнителни информации: peacebuildingnmk@gmail.com.