Повик за учество во работилница „Како да (не)правиш пропаганда“

Радио МОФ во рамки на „ПИН“ музичката конференција ве повикува да учествувате на работилница  „Пропаганда во културата и општеството – како да (не)правиш пропаганда “.

Целта на работилницата е учесниците да научат како да ја препознаат пропагандата во медиумите и критички да ги анализираат медиумските објави. Преку анализирање текстови, видеа, фотографии и интерактивни вежби, учесниците ќе можат директно да се запознаат со начинот на кој функционира пропагандата, со можностите за изместување на фокусот при известување за настани, како и со нејзината употреба во македонските медиуми.

Работилницата ќе се одржи во МКЦ на првиот ден на „ПИН“ музичката конференција, на 27.11.2015 година, во периодот од 12 до 15 часот. Кандидатите што сакаат да учествуваат ќе треба да ја пополнат апликацијата подолу. Бројот на учесници е ограничен, a учеството е бесплатно. Обуката ќе се одвива на македонски јазик и ќе ja спроведе Радио МОФ.

Настанот е организиран со намера да ја зголеми медиумската писменост кај младите, како и свеста за влијанието на медиумите во јавноста. Сите заинтересирани треба да аплицираат најдоцна до 26 ноември, до пладне.

За повеќе информации посетете ја страницата на Радио МОФ или контактирајте не на 02/3139 692. Потврда за учество ќе им биде испратена на одбраните апликанти веднаш по истекот на рокот за пријавување.

За учесниците на работилницата се обезбедени влезници за целата програма на „ПИН“ музичката конференција