Повик за учество во програмата „Младински амбасадори на помирувањето“

Отворен е јавен повик за учество во програмата „Младински амбасадори на помирувањето“ која опфаќа петдневна студиска посета, врсничка едукација, медиумско појавување и пишување есеј.

Интензивната програма започнува со студиската посета на Белград од 7-12 декември, а активностите ќе траат до први март за кога е планирано објавувањето на есеите кои ќе се работат во меѓувреме.

Право на учество имаат младите на возраст меѓу 18 и 30 години, со одлично познавање на англискиот јазик. Програмата е отворена за студенти, лица ангажирани во јавниот сектор, млади од политички партии и невладини организации кои се бават со човекови права, EУ интеграции и помирување.

Покрај за младите од Босна и Херцеговина, Србија и Косово, од 2013 година програмата е отворена и за учесници од Македонија.

Најдобрите кандидати ќе добијат стипендија во висина на трошоците за нивно учество во програмата, за патни трошоци, сместување и храна.

Целта на самата програма е да поттикне мултиперспективен пристап во дискусии за темите од суштинска важност за сите држави од поранешна Југославија.

Програмата опфаќа три теми – ЕУ интеграции, историја и процесот на помирување во регионот. Предавачи ќе бидат експерти од областа на дипломатијата, од владините институции, од факултетите и граѓанското општество.

Апликацијата може да се најде на следниот ЛИНК.