Повик за учество во проектот „Направи промена, биди волонтер!“

„Младите можат“ и оваа година, по втор пат го најавува започнувањето на проектот „Направи промена, биди волонтер! 2 дел“ (Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 2).

Poster- Make-a-change

Целта на овој проект е јакнење на развојот на заедницата преку вклучување на што повеќе млади луѓе во процесот на волонтирање. Идејата е преку овој проект да се активираат младите кои преку серија обуки ќе научат за концептот на волонтирањето,  што е лидерство и тимска работа, ќе се стекнат со вештини за работа во тим за потоа тие самите, поделени во тимови, да иницираат промени во својата заедница.

Повикот е наменет за сите средношколци и студенти на возраст од 16 до 22 години. Деталите и апликацијата може да се најдат на следниот ЛИНК.

– Успехот се чини дека е поврзан со акција, па затоа пријави се и подготви се за акција која позитивно ќе влијае на твојата заедница. Направи промена, биди волонтер!, апелираат „Младите можат“.