Повик за учество во проектот „Направи промена, биди волонтер!“

„Младите можат“, по трет пат го најавува проектот „Make a change: Be a VOLUNTEER! Vol. 3” („Направи промена, биди волонтер“).

Целта на проектот е јакнење на заедницата преку вклучување на млади луѓе во процесот на волонтирање. Младите преку серија обуки ќе научат за концептот на волонтирањето, за тоа што е лидерство и тимска работа, да се стекнат со вештини за работа во тим за потоа тие самите, поделени во тимови, да иницираат промени во својата заедница.

Повикот е наменет за сите средношколци и студенти на возраст од 16 до 22 години, кои имаат мало искуство или воопшто немаат искуство во граѓански сектор и во спроведување на волонтерски акции.

Деталите и апликацијата може да се најдат на следниот линк.

Рокот за аплицирање е 15.11.2015 до 23:59 часот.