Повик за учество во проектот „Млади во локална акција“

Со цел младите во Република Македонија да се развијат како активни чинители, здружението на граѓани Младите можат, со поддршка од АЛДА Скопје, го реализираат проектот „Млади во локална акција“. Проектот нуди можност на 12 млади од Општина Центар да ги усовршат своите вештини и преку вклучување во локалните процеси да направат промени во својата заедница.

Во проектот можат да се вклучат младите на возраст од 16 до 24 години, жители на општината, да аплицираат за учество во проектот. Секој учесник ќе има можност да помине низ овие три модули:

Модул 1: 19-20 ноември, дводневна обука за влијание во заедницата и детектирање на локални проблеми;

Модул 2: 26-27 ноември, дводневна обука за тимска работа и планирање на иницијатива.

Модул 3: декември – јануари, имплементација на локална иницијатива на територијата на општина Центар

Целта е преку обуките и инволвираноста на учесниците, тие да работат на својот личен и професионален развој, а истовремено да придонесат кон позитивна промена од општествено добро. На крајот на проектот секој учесник ќе се стекне со сертификат.

Крајниот рок за аплицирање трае до 16-ти ноември (среда) до 23.59.

На следниот линк можете да се најде официјалниот повик за учесници, како и апликацијата.