Повик за учество во проектот “Balkan Girl Power”

Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) објави повик за девојки на возраст од 18 до 26 години за учество во проектот „Balkan Girl Power“, кој на избраните кандидатки ќе им обезбеди тренинг и советување за изработка на фотографии кои ги изразуваат нивните ставови, перспективи и идеи, како и вмрежување со млади девојки од Албанија, Косово, Црна Гора и Србија.

„Дали си заинтересирана да научиш како да правиш фотографии кои ги рефлектираат твоите ставови? Дали си заинтерсирана да запознаеш девојки од соседните земји и да ги споделиш своите фотографии, прашања и идеи? Дали сакаш да научиш повеќе за интеграцијата на твојата земја во ЕУ и што тоа ќе значи за тебе? Девојка на возраст меѓу 18 и 26 години од Македонија? Ако одговорот е – „да“,  одговорeте на овој повик за искажување интерес за учество во проектот „Моќните девојки од Балканот“, посочуваат од НМСМ.

Избраните кандидатки ќе имаат можност:

  • Да добијат тренинг и советување од искусен фотограф и уметник од твојата земја за правење интересни фотографии;
  • Можност за објавување на нивните најдобри 5 фотографии на онлајн платформата “Balkan Girl Power”;
  • Преку каналите за комуникација на платформата, да запознаат девојки од Албанија, Косово, Црна Гора и Србија;
  • Да учествуваат во натпревар за најдобра фотографија направена од учесничките во проектот и изложба која која ќе се одржи во Тирана во февруари 2019;
  • Патување во Тирана за изложбата “Balkan Girl Power” и да учествуваат на престижно предавање на Лала Меридит Вула – меѓународно реномиран уметник и фотограф.

Заинтересираните треба да го пополнат формуларот, достапен на македонски и англиски, и да го испратат нана: applications@nms.org.mk не подоцна од 16 јули 2018 (понеделник).

*РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е ПРОДОЛЖЕН ДО 20 АВГУСТ

За дополнителни прашања, сите заинтересирани можат да се обратат на Симона Младеновска на simona.mladenovska@nms.org.mk, или 077/965-565.

Проектните активности започнуваат во јули, 2019.

Проектот “Balkan Girl Power” е финансиран од Фондодт за Западен Балкан и се имплементира од страна на Social Contract Institute (SCI – Албанија), Артополис Ценатр ( Косово), Национален младински совет на Македонија (Македонија) , iACT (Црна Гора) и Организација за промоција на активизам (Србија).

Целиот повик на следниов ЛИНК.