Повик за учество во младински еко-камп во Србија

Здружението на граѓани за заштита и унапредување на животната средина ЕKO – ЛОГИК објави повик за учество во младински еко-камп во Србија.

Се бараат учесници од 18- 30 години на оваа младинска размена на тема за одржливост на енергија, биодиверзитет и еколошко домување. Кампот ќе трае од 7-17 август, 2019 година.

Сместувањето, храната и патните трошоци се покриени од страна на организаторите. Сите заинтересирани може да аплицираат ТУКА.

Крајниот рок на аплицирање е 15 јули, до 16 часот.