Повик за учество во летен инклузивен камп во Охрид

Центарот за младински активизам КРИК објави повик за пријавување на учесници на Инклузивниот младински камп кој ќе се спрове во летниот период. Како учесници на кампот, можат да се пријават млади лица со и без попреченост од 15 до 19 години.

Кампот трае 4 дена (3 ноќевања) и ќе се случува во Извидничкиот Центар Охрид ИЦО.

„Утринскиот дел од програмата се состои од едукативни активности подготвени според потребите на учесниците, додека попладневниот ден од програма се состои од активности на отворено. Учесниците работат поделени во групи. Групите се состојат од 1 лидер на група кој има искуство во работа со млади лица со попреченост и без, како и млади лица со попреченост и типичен развој. Со оваа група на учесници работи програмски тим: фасилитатори, програмски тим за слободни активности и 2 координатори на програмските активности“, информираат организаторите.

Кампот ќе се спроведува во периодот од 24-ти јули до 28-ми јули 2020 година, а притоа како што велат од организацијата, ќе бидат преземени мерките за заштита од Ковид-19.

Програма на кампот се состои од:

-Активности за градење на група;
-Активности на отворено (кајакарење, пешачење, стрелаштво, водени лудории, палење на логорски оган, спортски активности и многу други);
-Работилници каде ќе се користат методите на неформално образование на различни теми;
-Посети на локалните атракции во Охрид;
-Интересни и забавни активности.

Патните трошоци и трошоците за сместување и храна се целосно покриени.

За учество на кампот, може да се аплицира на следните апликациски форми:

-За учесници: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdfOSGDn3g-4YaNFGCyRURkzM1HlagBYh4o0YE9z7Wx0AyQhA/viewform

-За фасилитатори: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSe-YE6IG-hNfXeOzLfcSirrQwLvYIHU5JGAMzcY4yS0BwJA2g/viewform

-За лидери: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScHe_0R9iawOdME4brza5fhzAegINnxYbHl8rJLlDj5nfGysw/viewform

Повикот за аплицирање е отворен до 17ти јули 2020 година.

Летниот младински инклузивен камп „Кампуваме заедно” е поддржан од страна на Агенција за млади и спорт.

Дополнителни информации може да се побараат на nfokrikcenter@gmail.com