Повик за учество во Kunstwerkstatt – работилница за перформанс

Повик за учество во Kunstwerkstatt – работилница за перформансОтворен е повикот учесници во Kunstwerkstatt (Кунстверкштат),  интерактивна работилница за перформанс која е комбинација на алтернативен театар и активизам и се води според идејата „учење преку работа“.

Работилницата ќе соедини млади, инспиративни и креативни луѓе кои имаат желба за изведбени уметности. Кунстверкштат ќе се фокусира на учeње на основните техники на глума преку создавање на финален перформанс.

Повикот е отворен за млади луѓе на возраст 16-22 години, а сите заинтересирани може да се пријавите со пополнување на овој формулар, најдоцна до 6 февруари.  Работилницата пак ќе трае од февруари до јули 2014 година, а средбите ќе се одржуваат еднаш неделно.

Шестмесечната програма на работилицата ќе вклучува: основи на глума, средби со глумци, проекција на филмови и дискусии, импровизации, користење на уметноста како алатка за младински активизам, вежби за глума и целта да се креира финален перформанс на заеднички договорена тема.

Работни јазици на работилницата се македонски и англиски. Сите дополнителни прашања може да пратат кај  petar_antevski@mof.org.mk  или  paula.elisabeth@hotmail.de.

Работилницата Кунстверкштат е поддржана од Младински образовен форум и Forum Civil Peace Service Skopje.