Повик за учество во детска извидничка акција во Градски парк

Првиот скопски извиднички одред и Институтот за комуникациски студии, во рамки на кампањата за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ организираат извидничка акција „Пролетни бакнежи, прегратки 2019“ на тема „Еко херои“, што ќе се одржи на 1 јуни (сабота), во 10 часот, во Градскиот парк во Скопје.

На акцијата, тимови од извидници од 7 до 13 години преку игра, забава и натпревар ќе испратат порака за потребата од селектирање и рециклирање на отпадот, со цел да се подигне еколошката свест.

Зборното место е кај големото езерце во вториот дел од Градскиот парк (кај шахот / тотемот).

Лице за контакт:

Снежана Јанковиќ, Прв скопски извиднички одред – prvskopski@yahoo.com; 078 811 304