Повик за учество на „Тренинг за видео активизам“

Младинскиот образовен форум и Амбасадата на САД во Република Македонија објавуваат повик за учесници на тренинг за видео активизам кој ќе го одржи Ени Ескобар (Аnnie Escobar) основач на „Awake Storytelling“.

Повик за учество на „Тренинг за видео активизам“

Целта на тренингот е лидерите на локални невладини организации и млади активисти да научат како да ја пренесат својата порака, приказна или кауза преку филмот како медиум.  Учесниците ќе добијат знаење како да креираат кратко видео со телефон или едноставна камера за теми кои се од интерес на нивната заедници и кои можат да бидат пренесени преку социјалните медиуми. На крајот на тренингот ќе бидат направени 20 видео записи кои ќе помогнат во промовирање на социјалните теми.

Тренингот кој ќе трае пет дена ќе се одржи во Скопје од 2 до 6 јуни, 2014 година.

Кандидатите што сакаат да учествуваат во него треба да ги исполнат следниве критериуми:

– Да бидат вклучени во активности за промена на општеството и да имаат интерес за оваа тема,

-Да имаат своја област (идеја) за која се заинтересирани,

-Да имаат интерес да научат како се создава видео.

Сите заинтересирани треба да аплицираат најдоцна до 26 мај со испраќање на целосно пополнет формулар на obuki@mof.org.mk и turckke@state.gov. Апликациите за учесниците можат да бидат преземени од www.mof.mk или на следниот ЛИНК.

Бројот на учесници е ограничен. Учеството е бесплатно. Тренингот ќе се одвива на англиски јазик од искусниот тренер во оваа област – Ени Ескобар.

Тренингот за видео активизам е организиран од Младинскиот образовен форум  и поддржан од Амбасадата на САД во Република Македонија преку проектот на УСАИД за граѓанско општество и Фондацијата Отворено општество – Македонија.

За повеќе информации посетете ја страницата www.mof.mk или контактирајте на: info@mof.org.mk / 02/3139 692.