Повик за учество на традиционалниот семинар „Fresher’s 2014“ на ЕЛСА

Европското здружение на студенти по право – ЕЛСА Република Македонија објави повик за учество на традиционалниот семинар „Fresher’s camp 2014“.

10610588_911359365545092_5639402464906949847_n

Овој семинар се одржува на почетокот на секоја учебна година и со него ЕЛСА РМ официјално започнува со својата работа и мисија во претстојната академска година. Идејата на овој настан е привлекување на новите членови и претставување на самата организација, како и претстојните активности во тековната година, со цел младите студенти по право да се запознаат за сите можности кои ги добиваат преку членувањето во организацијата и на тој начин да можат активно да се вклучат во истите.

Оваа година,  „Fresher’s camp“ ќе се одржи во планинарскиот дом Вртешка, штипско. Со доаѓањето на семинарот учесниците покрај тридневно сместување и храна, добиваат и гратис годишна членарина на ЕЛСА РМ.

Пријавувањето трае до 25 септември, а сите заинтересирани своите податоци треба да ги испратат на e- поштата:vpsc@elsa-rm.org.mk.