Повик за учество на Студентската конференција „Разменуваме знаења – создаваме можности“

Рана детекција и проценка на деца со нетипичен развој. Сервиси за поддршка и советување на родителите и семејствата на лицата со попреченост. Воспитание на деца и образование на ученици и студенти со посебни образовни потреби. Професионална ориентација, работно оспособување и вработување на лица со посебни потреби…

Ова се дел од темите кои ќе бидат вклучени на 2. Меѓународна студентска конференција за специјална едукација и рехабилитација „Разменуваме знаења – создаваме можности” која ќе се одржи од 13 до 15 септември на Филозофскиот факултет во Скопје.

Сите заинтересирани за учество може да погледнат повеќе информации и услови ТУКА.

„Ова е можност ние уште како студенти активно да се вклучиме во промовирање на струките и областите со кои се занимаваме, да се запознаеме со колеги од различни струки да размениме знаење и заедно со нивна помош да создадеме повеќе можности за лицата со попреченост и нивните семејства“, стои меѓу другото во најавата за конференцијата.